ВМРО-ДПМНЕ бара да се донесе одлуката за Анкетната комисија за Онкологија

Од:

За СДСМ и ДУИ очигледно вистината и правдата за скандалот на Онкологија не се приоритет.Граѓаните бараат одговори и брза реакција на институциите, но власта очигледно упорно се обидува да купува време и упорно се обидува да го забошоти целиот случај вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска.

– Времето немилосрдно тече, а од Талат Џафери и мнозинството во Собранието се’уште нема никаква реакција. За таа цел, од оваа говорница, уште еднаш ги повикуваме веднаш да ја донесат Одлуката за формирање на Анкетната комисија и веднаш истата да започне со работа, а со цел утврдување на фактите и вистината за скандалот на Онкологија. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова за Македонија” апелира до власта да не тактизира и да не купува време, бидејќи ова е тема за која што мора да има одговорност и судска разрешница. Мора да се најдат и казнат виновниците, рече Стојаноска на прес конференција во Собранието.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Во 2025 година дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка

А1он

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче