МНР: Двајца наши државјани кои беа во Маракеш, пристигнаа во Мадрид

Од:

Во врска со катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко, согласно ангажманот и на амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро, двајца наши државјани кои се наоѓаа во камп во Маракеш, пристигнати се во Мадрид и во добра здравствена состојба. Се очекува нивно упатување кон своите домови во многу скоро време,извести денеска МНР.

„Во изминативе два дена нема нови пријавени наши државјани во Маракеш. Нашето Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро продолжува да биде во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални други наши државјани во погодените региони. Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732“, соопшти МНР.

Би можело да ве интересира

Такичи после земјотресот во Јапонија: Има загинати и голема материјална штета

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 7,4 степени

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Иран

Горан Наумовски

Земјотрес во Пехчево и Берово

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција