Стоилковски: 10 дена нема ништо, Онкологија ќе заврши како модуларна и Беса транс

Од:

10 дена грозоморието на Онкологија ја тресе државата, а нема никаков резултат.Мафијата си оди на работа веќе 10 дена, КАТО системот се уште стои исклучен, 10 дена доктори, сестри, вмешани, може да повторат делото вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– 10 дена се кријат имињата, се остава да се влијае врз случајот, се остава да се забошоти случајот, да се избрише во времето, да се остави да се влијае врз докази и да се заплашат сведоци. 10 дена нема ништо, сакаат случајот Онкологија да заврши како што заврши случајот со модуларната или со Беса транс, без вистинско решение. 10 дена само празни флоскули за правда затоа што одговорноста лежи кај партиските кадри избрани да спроведуваат партиски насоки. Власта, СДС, ДУИ, нивните сателити, имаат јасна одговорност за исклучувањето на КАТО системот, одговорност за мафијашка структура на Онкологија за кражба на лекови, одговорност за учество во трговија со лекови на црниот пазар, одговорност за кратење на лекови на пациенти, одговорност за лажни списоци на пациенти, одговорност на директор кој што извадил лажна дијагноза за член од семејство, одговорност за враќање на работа на лице фатено во кражба на цитостатици на Онкологија, и се што се не плус, вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Во 2025 година дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка

А1он

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Случај „Онкологија“: Одбраната тврди дека медицинските одлуки не биле одговорност на еден човек