Ние сме прва земја во регионот којашто започнува со ИПАРД 3 програмата. Имаме неповратни 97 милиони евра од ЕУ, пари за модернизација и дополнителен развој на македонското земјоделство вели претседателот на Комисијата за земјоделие на СДСМ ТРајн Димковски.
– Со помош на ЕУ создаваме нови можности, за многу нови инвестиции за изградба и реконструкција на фарми, оранжерии, амбари, силоси, објекти за земјоделска механизација, објекти и опрема за преработки, за собирање, складирање, ладење, сушење, замрзнување. Од 1 септември веќе започна спроведувањето на новата ИПАРД 3 програма. Една од новостите во новата ИАПРД 3 програма е авансна исплата до 50% од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот. Но, крајната цел е нашите земјоделци, нашата економија да доживее напредок, да доживее развој преку остварувањето на полноправното членство во Европската Унија, рече Димковски.