Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по состанокот во Градското собрание во Волос зборуваше во врска со катаклизмата предизвикана во некои делови на Грција од бурата Даниел, која според метеоролозите била најсилната што ја погодила земјата од 1930 година и оставила траги на уништување.
– Наш приоритет е спасувањето на луѓето. Ќе ги поддржиме сите градови погодени од природната катастрофа – рече Мицотакис и побара од жителите на погодените подрачја да покажат трпение.
– Ќе ја обновиме нашата инфраструктура и ќе биде поотпорна. Целта е итно обновување на водоснабдувањето во Волос и Пелион, како и итно обновување на оштетувањата на патната мрежа. Она што се случува со климатската криза не е само грчки проблем. Видовме што се случи и во Словенија – рече Мицотакис.