Косовските специјалци насилно влегоа во просториите на фабриката за алат „Лола“

Од:

Припадници на Специјалната единица на косовската полиција насилно влегле во просториите на фабриката за алат „Лола“ во Зубин Поток и во тек е претрес на овој објект и просторот на фабриката, дознава Косово онлајн.

Специјалците прво го опколија просторот на фабриката, повеќе од 50 од нив, а потоа упаднаа и моментално се во зградата.

Во фабриката немало никој во моментот на полициската рација, оваа фабрика не работи со години.

Засега не се знае што бара полицијата.

Рацијата во фабриката „Лола“ во Зубин Поток се случи само еден ден откако генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека за секоја акција на специјалните единици на косовската полиција на северот на Косово потребна е координација со КФОР.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина