Во вторник „Бехтел и Енка“ со минирање на планината над селото Дебреше почнува со градење на делница од Коридорот 8, вели вицперемиерот и координатор за изградбата на делниците од Коридорите 8 и 10д, Артан Груби. Со ова, ја потврди и информацијата која пред 2 дена ја објави А1он, дека изградбата ќе почне од најкомплицираната делница, Гостивар-Букојчани.
„На 12-ти започнуваат градежните активности над село Дебреше, а досега, се оди во одлична форма од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“ и сите ангажирани фирми. Веќе градежни работи се вршат насекаде, ќе се вршат и на Коридорот 8, со минирање на планината над селото“, рече Груби.
Елаборатите за експропријација, како што објавивме, веќе се завршени, а со оваа делница, ќе се заобиколува Гостивар и ќе се избегне и искачувањето до Стража.