Меџити на колегиум во Онкологија: Терапијата е добра од ноември лани

Од:

„Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово на Клиниката за радиотерапија и онкологија присуствуваше на стручниот онколошки колегиум, кој се одржува еднаш неделно и разговараше со лекарите за воспоставениот систем на работа на Клиниката, начинот на контрола на терапијата, соодветна и навремена терапија за секој пациент, како и за механизмите за елеминирање на какви било злоупотреби со терапиите“.

Ова е дел од соопштението кое Министерството за здравство го испрати до медиумите во кое по којзнае кој пат министерот Меџити и директорката Виолета Клисаровска на Онкологија не убедуваат дека терапијата е добра од ноември 2022 година, односно од нејзиниот мандат, а во меѓувреме револтот на граѓаните не е насочен кон сегашниот начин на работа, туку кон скандалот шверцот со цитостатици кој се случувал во времето на друг директор.

„Клиниката за онкологија нов начин на работа има воведено од ноември лани, каде конзилиум од 12 раководителите на оддели ги разгледуваат историите на пациентите на кои им е индицирана аппликација на биолошка терапија и заеднички се одлучува дали има основa пациентот да прима одредена терапија.

На овој начин е исклучена можноста за евентуални злоупотреби односно поединечно носење одлуки за биолошката терапија. За аплицирање на назначената терапија, постои уредна евиденција во амбулантниот дневник коі се води во дневната болница. На Клиниката се води и електронска евиденција за контрола на секој лек кој влегува на Онкологија. Во електронската евиденција на УКРО за секој лек постои ,,картица на артикл” кој ги содржи следните податоци: име и презиме на пациент, број на евидентиран преглед, датум на преглед, датум на апликација на лек, количина на лек“, соопштија од Кабинетот на Меџити.

Министерот на состанокот упати апел за максимална посветеност на лекарите кон пациентите, со оглед на случувањата поврзани со Онкологија кои иако се случувале во минатото, сепак е оправдана грижата на пациентите и нивните семејства.

Лекарите на состанокот побараа да бидат заштитени од генерализирање на одговорност и од јавниот линч, бидејќи професионално и посветено работат, што е показател за многу излекувани пациенти и спасени животи.

По средбата со стручниот колегиум министерот Меџити на Клиниката оствари средба со повеќе пациенти со кои разговараше дека не треба да се сомневаат во квалитетот на терапијата и професионалноста на лекарите на Онкологија.

Би можело да ве интересира

На Онкологија биолошка терапија им само за 24% од пациентите, два акцелератора се во функција

Катерина Ѓуровски

Љубовницата на поранешниот италијански министер во нов скандал: Поради очилата и е забранет влез во парламентот

Предраг Петровиќ

Недостигаат онколози и патолози, Таравари најаува можен мораториум за одредени специјализации

„Наместо 40 одиме 100 километри за хемотерапија“ – на Онкологија измачени пациенти и исцрпени вработени

A1on

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

A1on

Собраниска расправа за разрешување на министерот за здравство