ВИДЕО: Најмалку седум жртви во полавите во Грција, Турција и во Бугарија

Од:

Телевизиските снимки покажуваат автомобили и камперски комбиња однесени во морето во најтешко погодениот јужен туристички град Царево. Властите прогласија вонредна состојба во Царево и ги повикаа луѓето да се преселат на погорните катови бидејќи приземјата на некои хотели беа поплавени.

Невремето Даниел кое е проследено со обилни врнежи од дожд, молњи и силен ветер во Грција продолжува веќе втор ден, досега едно лице го загуби животот, а едно се води за исчезнато.

Во градот Волос што вчера беше најпогоден од невремето, предизвикана е голема материјална штета на патната инфраструктура, но и на објекти. Домот за стари лица во Волос, кој се наоѓа во близина на брегот на реката Крафсидонас, бил поплавен, а луѓето биле евакуирани со помош на гумени чамци и пренесени во центарот на градот. Дождот предизвикал сериозни оштетувања на објектот и го урнал стариот дел од домот.

Повеќето села во овој регион се отсечени бидејќи на сите патишта низ планините има паднати дрвја, а на расчистувањето во исклучително тешки услови работат екипи од регионот, општината, но и жителите.

Откако вчера граѓаните и туристите во погодениот регион на Волос и околината добија известување за забрана за движење и напуштање на домовите без итна потреба, денеска истата порака е стигната и до сите оние кои се во Кардица во централна Грција.

„Граѓаните навреме беа известени за невремето, но беше тешко сите да се евакуираат пред да почне. Во селата во Пелион и натаму има доста туристи и жители“,изјави локален функционер од овој регион.

Од противпожарната служба на Грција информираат дека за 24 часа примиле 1 196 повици за помош, а над 250 лица во различни области зафатени од невремето, со помош на пожарникарите биле пренесени на безбедни локации.

Метеоролозите предупредуваат дека ова се најсилните дождови досега регистрирани во Грција.

Според порталот Метео на Националната опсерваторија во Атина, вчера била регистрирана рекордна количина дожд на дневно ниво во изминатите најмалку 17 години.

Во Загора во Пелион наврнале 500 милиметри дожд во еден ден, во услови кога годишните врнежи во Атина изнесуваат 400 милиметри.

Премиерот Кирјакос Мицотакис смета дека климатските промени се виновни за годинашните големи пожари и поплави во земјата, но и призна дека владата не се справувала со нив како што треба.

„Се плашам дека безгрижните лета што ги знаевме веќе нема да ги има и дека во следните години ќе биде уште потешко“,рече Мицотакис.

Поплавите во Грција доаѓаат по серијата големи шумски пожари што ја зафатија земјата во изминатите неколку недели, при што загинаа повеќе од 20 луѓе.

Невремето „Даниел“, според најавите од метеоролозите, се очекува да трае до утре.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете