Едно лице загина, а едно се води за исчезнато по тешките временски услови кои ги создаде бурата „Даниел“ која ја погоди Грција.
Βόλος κέντρο τώρα , σε αυτό το σημείο πολύ δύσκολα. pic.twitter.com/tfLQThjBCC
— Voula_L (@paraskevi_l) September 5, 2023
Според првичните информации, 70-годишен сточар загинал во областа Агиос Георгиос во Ано Волос кога бил смачкан од ѕид до неговата куќа кој се урнал поради големо количество вода. Според информации, сточарот се обидувал да им пријде на своите животни.
Уште едно лице е исчезнато во реонот на Волос кога неговиот автомобил бил однесен од порој. Најтешка е состојбата во Волос каде се поплавени улици, куќи и возила, а уништени се и бројни дрвја. Метеоролозите најавуваат дека лошото време ќе се задржи и во следните неколку часа.
Градоначалникот на Волос го повтори апелот луѓето да останат дома, а на Фејсбук објави слики од хаосот по невремето. На социјалните мрежи беа објавени и видеа од празни и уништени плажи во Грција, по невремето кое однесе лежалки и чадори.