Советниците на Карбинци донесоа одлука за локацијата каде треба да се уништат 9.000 свињи поради африканска чума

Од:

Мнозинството советници во Советот на Општина Карбинци на вчерашната вонредна седница одлучиле на приватната свињарска фарма во која треба да се уништат околу 9.000 свињи по појавата на болеста „африканска чума“ да и се дозволи да прави јама во атарот на селото Горно Трогерци, каде што во радиус од еден километар нема објекти.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов за МИА вели дека вчера го добиле писмениот допис од Агенцијата за храна и ветеринарство во кој се бара под итно да се одреди локација за копање на јами за свињите, кои мора да се еутанизираат, со цел да не се шири болеста.

Паунов додава дека денеска го чекаат одговорот од АХВ и од надлежните инспектори за одобрената локација од страна на Советот на Општина Карбинци.

Пред два дена жителите на селата Таринци и Нов Карорман протестираа и не дозволија градежните машини да ископат јама за уништување на свињите меѓу двете села, стравувајќи дека ова ќе значи еколошка катастрофа, загадување на подземните води и ќе штети на нивното здравје

Би можело да ве интересира

Сарафимов: Африканската свинска чума „удри“ врз свињарството во источниот регион

Трипуновски: Поради неспособноста на Николовски и Бабовски, во Карбинци ќе бидат уништени 10.000 свињи со африканска чума

Засега регистрирани шест случаи на африканска свинска чума во земјава

Поради африканска свинска чума во делчевскиот регион уништени 195 домашни свињи, во опасност се 741 грло

Ана Ололовска

ФАО: Координацијата клучна за справување со африканската свинска чума на Балканот

Ана Ололовска

Утре средба за африканската свинска чума, гости директорите на агенциите за ветеринарство од Бугарија и Србија

Ана Ололовска