Трипуновски: Поради неспособноста на Николовски и Бабовски, во Карбинци ќе бидат уништени 10.000 свињи со африканска чума

Од:

Во фармата Овчеполка Агриа во село Таринци, Општина Карбинци кај 10.000 грла е регистрирана африканска свинска чума и истите мора веднаш да бидат уништени, а под сериозна здравствена закана е целокупната популација на свињи во Република Македонија, односно над 150.000 свињи колку што во моментот изнесува бројната состојба рече на прес конференција Цветан Трипуновски претседателот на комисијата за земјоделство и сточарство на ВМРО-ДПМНЕ.

– Штетите кои ги предизвика африканската чума во фармата Агриа се речиси над 2,5 милиони евра. Неспособноста и некадарноста на министерот Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски испливаа на површина. Изминатите години сериозно алармирав дека надлежните институции како МЗШВ и АХВ, не ја сфаќаат сериозно ситуацијата со африканската чума и мерките кои ги носеа или беа задоцнети или не го постигаа ефектот. Предлагавме низа на решенија и мерки, но Николовски и Бабовски беа без слух, и затоа денеска ситуацијата со африканската чума е пресериозна. Бараме итна реакција од институциите. А до фармите ширум државата апелираме на подигање на биосигурносните мерки на највисоко можно ниво како единствен ефикасен начин на превенција од болеста, бидејќи очигледно е дека владата, МЗШВ и АХВ се неспособни да се справат со болеста, вели Трипуновски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС