Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ е како папагал, избори па избори, прашајте ги колку е часот ќе ви речат: избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ наликува на папагал кој го повторува истото секој ден, рече премиерот Димитар Ковачевски.

– После мојата изјава пак истото го повторија, дека сакале избори. Што и да ги прашате, велат избори. Колку е саатот? Избори. Што ќе правите после? Избори. Имате ли план? Избори. 11 години избори и само избори. Има само еден политичар од Европската унија што ги брани позициита на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е Никола Груевски од Будимпешта.

Затоа сметам дека ова е исклучително важен процес и затоа толкава е посветеноста на сите партии за да донесеме одлука Македонија да ја стави неповратно на патот на интеграција во ЕУ. Ако не ги донесеме овие одлуки ќе ни се повтори 2008 година. Ќе заминат Србија, Албанија и Црна Гора, а ќе останеме во друштво на БИХ и Косово. Со сета почит кон нив, но со оглед на внатрешните проблеми кои ги имаат, ние не заслужуваме да бидеме со нив – рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме