Месечно зголемување на просечната каматна стапка на вкупните депозити, при што во јули таа изнесува 1,50%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити исто така бележи раст и изнесува 5,49%.
Во јули 2023 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,49%, што претставува месечен и годишен раст од 0,37 п.п. и 1,16 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,50% и е зголемена за 0,10 п.п. на месечна основа, при годишен раст од 0,83 п.п.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, овој месец, забележа месечен и годишен раст од 0,31 п.п. и 1,56 п.п., соодветно и изнесува 5,57%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,21% и е намалена за 0,49 п.п. на месечна основа, додека на годишна основа бележи зголемување за 1,37 п.п.
Во јули, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,50 п.п. на месечна основа и изнесува 5,36%. Нагорната промена е резултат на растот кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,87 п.п.), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,55 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,38 п.п.). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор бележи раст од 1,83 п.п.
Овој месец, кај каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е забележан месечен раст од 0,49 п.п. и изнесува 5,75%. Од аспект на валутната структура, месечниот раст е резултат на зголемените каматни стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 1,69 п.п. и 0,39 п.п., соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се намалени (за 0,15 п.п.). Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка е повисока за 2,18 п.п.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во јули, изнесува 2,02% и е повисока за 0,03 п.п. на месечно ниво. Притоа, промената се должи на растот на каматните стапки на денарските депозити без и со валутна
клаузула (за 0,06 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), додека каматните стапки на депозитите во странска валута остварија пад (за 0,11 п.п.). Во споредба со јули претходната година, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е
зголемена за 1,08 п.п.
Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор е намалена за 0,54 п.п. и изнесува 1,57%. Месечната промена се должи на пониските каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и депозитите во странска валута (за 0,52 п.п. и 0,44 п.п., соодветно). Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула изнесува 1,90%, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле депозити од овој вид. На годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 0,92 п.п.
Во јули 2023 година, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,61% и забележа месечен раст од 0,26 п.п. Месечниот раст се должи на зголемувањето на сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без и
со валутна клаузула (за 0,32 п.п. и 0,20 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,18 п.п.). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата оствари раст од 0,53 п.п.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во јули, изнесува 5,32% и оствари месечен раст од 0,05 п.п. Анализирано по валута, месечната промена во целост произлегува од растот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,04 п.п.), во услови кога каматните стапки на кредитите во странска валута и денарските кредити со валутна клаузула бележат пад (за 0,35 п.п. и 0,17 п.п., соодветно). На годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,73 п.п.
Во јули, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата се зголеми за 0,10 п.п. и изнесува 1,44%. Притоа, промената произлегува од растот кај сите компоненти на оваа каматна стапка, и тоа: каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,11 п.п.), како и каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,10 п.п. и 0,07 п.п., соодветно). Во споредба со истиот период претходната година, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата бележи раст од 0,79 п.п.
Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6, овој месец, е намалена за 0,47 п.п. на месечно ниво и изнесува 2,40%. Надолната промена е резултат на падот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула
(за 0,51 п.п.) и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,12 п.п.). Во јули, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Анализирано на годишно ниво, оваа каматна стапка забележа зголемување за 1,48 п.п.