Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Од:

Државата може да направи многу повеќе за да ја осигура националната безбедност и безбедноста на граѓаните. Не треба да доживееме катастрофален напад врз електрани, банкарскиот систем или системот за здравство за да донесеме закон за заштита на критична инфраструктура, смета во својата анализа, безбедносниот експерт Александар Илиев.

„Не треба да доживееме трагичен напад со огнено оружје во училиште или трговски центар за да ја подобриме безбедноста на јавните места. Суштински е потребно да се донесе квалитетен Закон за заштита на критичната инфраструктура и да се реформира системот на справување со кризи, системот за заштита и спасување и системот за координација на разузнавачко-безбедносниот сектор. Само така може да се гарантира непречено функционирање на државата и да се осигура безбедноста на граѓаните.

За жал ние некогаш не учиме од туѓите грешки, колку и да се тие блиску до нас. Во 2023 година, после нападите со огнено оружје врз ученици и други цивили во Србија, во Р. С. Македонија се иницираше дискусија за подобрување на безбедноста на учениците и во нашата држава. Тогаш беше логично да се донесе регулатива за постапување во случај на напад во училиште од страна на вооружено лице, да се реализираат обуки и вежби со учество на училиштата, полицијата и здравствениот сектор. Меѓутоа, она што го презема Министерството за образование и наука вклучуваше препораки за: носење мобилни телефони, носење училишна униформа, начин на облекувањето на наставниот кадар и следење на менталната состојба на учениците.Овие препораки не се фокусирани за справување со оружен напад во училиште, а дискутабилно е колку се ефективни и за превенција од насилство помеѓу учениците.

Понекогаш ние не учимениту од своите искуства. Пример за тоа се заканите за напад со бомба во училиштата, учебната 2022/23 година. Оваа криза заврши со промена на протоколи и со идентификување на интернет адресите од каде биле испраќани пораките. Меѓутоа, тоа решение не ја намали можностада биде поставена бомба или да се реализира вооружен напад во училиште бидејќи на национално ниво не се воспоставија процедури и не се реализираше обука на училишниот персонал за детектирање и известување за сомнителни објективо училиштата. Понатаму, немаше обуки на национално нивоили на ниво на општини запостапувањево случај на терористички нападво училиштата.

Понатаму, во 2022 и 2023 година,преку сајбер просторотсе случија нападипротив банкарскиот систем, Фондот за здравство, Бирото за јавни набавки и други институции.Тоа покажа дека сајбер безбедноста е многу важна за функционирање на клучни сектори како што се финансискиот и здравствениот сектор. Иако државата номинално ја има препознаено важноста на сајбер безбедноста и има донесено стратегии за сајбер безбедностза периодите2018-2022 и 2023-2027, тоа не значи дека иститесе реализираат во целост.На пример во Акцискиот план за имплементација на една национална стратегија од 2018 година е посочено дека ќе се формира Институт за Сајбер безбедност и дигитална форензика во рамките на Воената академија, но до 2023 година нема реализација на оваа цел. Исто така не е исполнета и целта според која до 2022 година требало да се идентификува и заштити критична информациска инфраструктура, што е последица и на фактот декане постои закон за критична инфраструктура и не постојат критериуми според кои би се одредувало штое критична инфраструктура.

Иако во Акцискиот план за исполнување наНационалната стратегија за борба против тероризам 2018-2022 е наведено дека државата ќе донесе Закон за заштита на критична инфраструктура, тоа досега не е реализирано.Министерството за одбрана во 2022 година има подготвено предлог закон за истото, законот не само што сеуште не е донесен, тукуво истиот има и простор за значително подобрување. Но и доколку се подобри таквиот предлог законот,заштитата на критична инфраструктура треба давклучи промени во повеќе постоечки закони. На пример може да се промени Кривичниот законик и да се регулираат построги санкции за дела против критична инфраструктура. Понатаму може да се направат измени наЗаконот за координација на разузнавачко-безбедноста заедница, Законот за управување со кризии Законот за заштита и спасување. Можеби треба дури и да се размисли за голема реформаи создавање поедноставен, поефикасен и поефективен систем за безбедност на инфраструктурата и граѓаните. Што и да се одлучи,законот за заштита на критична инфраструктура мора да обезбеди континуиран проток на информации помеѓу сите вклучени субјекти ида овозможи квалитетна процена на ризик од стручни лица. Без тоа нема како да постојатквалитетни планови за безбедност на критичната инфраструктура.Она што би требало да се избегнува е дуплирање на активностикои веќе ги реализира некоја државна институција и непотребносоздавање нови тела за координација кои повремено ќе се состануваат.

Несомнено, да се регулира и обезбеди критичната инфраструктура е комплексен процес, но зарем треба да се разбудиме некое зимско утро без греење за да сфатиме колку е неопходно да се заштити истата?Или пак треба еден работен ден да сме без телекомуникации па да сфатиме дека треба да побрзаме со донесување закон и да подготвиме безбедносни планови на национално ниво, секторско ниво и на ниво на оператори на критична инфраструктура?

Не помалку болно ќе е и ако не ја подобриме безбедноста во нашите училишта, трговски центри, хотели и станеме сведоци на оружен напад со голем број жртви во истите. Во новиот Акциски план за имплементација на националната стратегија за спречување насилен екстремизам 2023-2027 се предвидува воспоставување соработка помеѓу агенциите за обезбедување и соодветни локални органи на полицијата, со цел подобрување на безбедноста на јавни места. Меѓутоа, државата може да направи многу повеќе од поддршка на дискусија. На пример државни институции можередовно да објавуваат добри практики и препораки за заштита на јавни места од терористички напад, државата може да субвенционира обуки, може да се направат промени во стандарди за градба и организација на јавни објекти, може да сеодржуваат редовни вежби со приватниот сектор и со јавни институции за справување со терористички нападитн.

Оттука, несомнено е дека државата може и треба да ја заштити инфраструктурата која е неопходна за функционирање на основните процеси на државата, како и да поддржи подобрување на безбедноста на јавни места. Не треба да чекаме катастрофи да ни го докажат тоа што веќе го знаеме“, стои во анализата на Илиев.

Автор на анализата е Александар Илиев, безбедносен експерт, магистер по одбранбени студии на King’s College London и магистер по безбедност на Институт за безбедност, одбрана и мир, Скопје.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Во Скопје имало 322 земјотреса за еден месец – низ градот минува процеп, живееме ли во безбедни згради?

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска