Вистинската драма е видена во Словенија, на второлигашкиот натпревар во Словенска Бистрица, помеѓу Бистрица и Нафта, каде лекарите неколку минути се бореа за животот на тренерот на Бистрица, Горан Станковиќ.
Станковиќ во еден момент само се фатил за градите и паднал во несвест. Лекарите кои беа присутни на натпреварот веднаш реагираа и дојдоа на помош.
Го оживеале за неколку минути, а на крајот успеале да му го спасат животот. После тоа се огласи клубот кој ја информираше јавноста за состојбата на тренерот.
– Во моментов е стабилно. Станковиќ е во болницата во Марибор, каде ќе остане на дополнителни прегледи – соопштија од клубот.
Исто така, домашните му се заблагодарија на противникот за „несебичната и исклучително брза помош на медицинската служба при извонредниот настан“, а воедно му посакаа и брзо закрепнување на својот тренер.