Владата на Србија планира за 60 милиони евра, да го продаде фудбалскиот клуб „Црвена звезда, на арапското семејство Бин Зајед од Обединетите Арапски Емирати.
Државата од тие пари би издвоила 40 милиони евра за враќање на долговите, додека 20 милиони, би употребила за развој на спортот во Србија, пренесуваат белградските медиуми.
Семејството од Абу Даби би требало преку својата компанија „Ал Дахра“, да стане сопственик на црвено-белите.
Според прелиминарниот договор купувачот би се обврзал годишно да вложува околу 15 милиони евра во клубот.
Од друга страна и Фудбалскиот клуб „Партизан“ би требало да биде продаден, но засега нема купувач кој што е заинтересиран за црно-белите.
-Имаме состојба во која што не се знае кој раководи со клубовите и само е важно да се праша зошто државата не дава доволно пари. Зошто да дава кога може да заработи. Мислам дека на „Ѕвезда“ и „Партизан“ може да се заработи, доколку доведеме некој кој што од нив ќе направи бизнис, рече неодамна првиот потпретседател на Владата на Србија, Александар Вучиќ.
Елена Георгиевска