Николова: Членството во ЕУ носи економски придобивки, блокадите на ДПМНЕ ќе бидат поразени

Од:

Со приемот во ЕУ на Македонија и се отвора пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи, каде што македонските компании, под исти услови со компаниите од Унијата ќе може да ги понудат и пласираат своите производи и услуги. Тоа ги отвора трговските перспективи со потенцијал за раст на БДП, кој, според досегашните искуства, кај државите од ЕУ, во првите пет години по членството растел со стапки од 80 до 90 отсто рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

– Членството во ЕУ значи и шанса за голем скок на платите и раст на животниот стандард на граѓаните, имајќи го предвид фактот што во првите пет години по зачленувањето во ЕУ, растот на платите во земјите членки на ЕУ изнесувал од над 50 отсто, па се до 100 отсто. Ова се само дел од придобивките, кои се отвораат со членството во ЕУ за државата и за граѓаните. Но Христијан Мицкоски и ДПМНЕ сакаат тоа да го блокираат. Со противењето на уставните измени, а со тоа и запирање на европскиот пат и неотворање на преговарачките поглавја, ДПМНЕ работи против интересите на државата и на граѓаните, од кои над 80 отсто се за членство во унијата, вели Николова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Земјоделците оставени без поддршка, СДСМ бара одговорност од Трипуновски

Горан Наумовски