Спасени три лица на Дојранско езеро: Бурата ги повлекла во чамецот далеку од брегот

Од:

Околу 8.30 часот утрово на единствениот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК, се јавило лице кое со уште две лица се наоѓало во чамец во Дојранското езеро кое било зафатено од силно невреме. Ветрот и брановите го оддалечувале чамецот далеку од брегот, кон внатрешноста на езерето. И покрај постојаните обиди трите лица не можеле да воспостават контрола врз чамецот и да се вратат назад на брегот на езерото информираат од Центарот за управување со кризи.

– Операторот на 112 ја лоцирал точната локација на која се наоѓал чамецот и веднаш ја препратил во Секторот за операции и координација на ЦУК. Оперативецот од СОК на ЦУК веднаш го известил СВР Струмица кој итно побарал помош од граничната полиција во Дојран (ПС за ГП и ГН Стар Дојран при РЦ за ГР Југ), се вели во известувањето на ЦУК.

ОД ЦУК објаснуваа дека тим на граничната полиција врз основа на координатите добиени од ЦУК ја лоцирал точната позицијата на чамецот кој бил однесен длабоко во немирните води на езерото, со глисер влегол во бурата и ги извлекот трите лица неповредени.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Активни се шест пожари на територијата на Македонија

Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11

Активни се пет пожари на отворен простор, шест се ставени под контрола

Од 31 пожар на отворен простор, два се активни, пет се под контрола

Горан Наумовски