Каевски: ЕУ отвора врата за ново проширување во 2030 година, мора да ги поразиме блокадите на ДПМНЕ

Од:

Официјални претставници на Европската унија, на Бледскиот стратешки форум, испратија силен политички сигнал за ново проширување на Унијата во 2030 година. Ова се случува првпат после претходното проширување, со јасна временска одредница вели портпаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски.

– 2030 година како можен датум за следното проширување на Унијата покажува дека тоа е временска рамка којашто и Владата предводена од СДСМ го постави како цел. Обидите за блокади на ДПМНЕ не смееме да дозволиме да се случат. Не смееме самите да се блокираме на патот кон ЕУ. Затоа е потребно е да донесеме важни, државнички одлуки за промена на уставот и да продолжиме без натамошни пречки во ЕУ. Не се точни, односно лажни се тезите на ДПМНЕ и Мицкоски дека ќе имало нови барања за нови промени на уставот. Јасно е се дефинирано во преговарачката рамка, со одлуката за уставните измени ние го продолжуваме европскиот пат а тоа е потврдено од сите 27 земји членки на ЕУ рече на прес конференција Каевски.

Би можело да ве интересира

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Петрушевски: Љупчо Николовски потрошил 976.199 денари на кафеани и ресторани како министер за земјоделие

Катерина Ѓуровски

Наместо да се занимава со пренос на струја, МЕПСО спонзорирал фитнес клуб, Шкендија Арачиново и КК Башкими обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Исцрпени договори за набавка, ТОАРИЛУЦ е оставена без основни средства и опрема, а пари се трошеле за ангажирање луѓе со договор на дело без согласност од МФ

СДСМ: Нема пари за плати, ама има за двајца заменици директори во Царина

Катерина Ѓуровски