Јанчева: Заради „Шпански скали“ од проектот Скопје 2014 се бара отштета од 130 милиони евра

Од:

Заради проектот „Шпански Скали“ дел од мегакриминалниот проект Скопје 2014 државата се наоѓа пред меѓунардона арбитража, каде тужителот побарува оштета од најмалку 130 милиони евра.За овој проект пред домашните судови се води кривична постапка, каде еден од обвинетите е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески вели координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Љубица Јанчева.

– Свои побарувања има и италијанската компанија ФЛЦ Амбиенте, за партнерството во ЈП Дрисла кое пропаднало по неколку пресуди на Управниот и Вишиот управен суд. Идеен на творец на поништениот тендер е поранешниот градоначалник на Град Скопје од редовите на ДПМНЕ, Коце Трајановски. Ете што значи владеењето на ДПМНЕ со главниот град – колапс на услугите, безидејност и криминални тендери поради кои државата со години е заглавена во судски лавиринти. Наместо на проекти и развој, државата троши милиони евра за одбрана на нејзините интереси пред меѓународните судови, рече Јанчева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа

(ВИДЕО) Јанчева: Нема нови автобуси во Скопје само заради ВМРО-ДПМНЕ

Јанчева: Советниците на СДСМ ќе ги гласаат одлуките за клучните проекти за Скопје

Одложено судењето за „Шпански скали“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: СДСМ ја поддржува одлуката за субвенции на ЈСП, одговорноста за хаосот е кај ДПМНЕ