(ВИДЕО) Јанчева: Нови игри со јавните набавки во ЈСП, скопјани се жртви на кавгите Мицкоски-Арсовска

Од:

Како советничка група во Советот, СДСМ и коалицијата најостро регира на продолжувањето на политичките игри во Град Скопје особено околу јавниот превоз.
Скопје е во тотален хаос и нефункционалност, колабиран е јавниот превоз, многу е лоша состојбата во ЈСП а власта игра партиски игри, спроведува блокади и се пресметува, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Град Скопје.

-Политичките пресметки меѓу Мицкоски и Арсовска се врз грбот на граѓаните на Скопје и мора да прекинат. Тендерот за набавка на нафта за потребите на ЈСП е дефинитивно поништен. Се пријавил еден оператор кој не доставил банкарска гаранција. ЈСП Скопје интервентно, склучи договор за набавка на нафта во вредност од 120 милиони денари, односно, речиси два милиони евра.

Имало само еден понудувач, според јавно достапните информации тоа била компанијата Пуцко Петрол која била избрана во оваа набавка без тендер. Оваа итна постапка била одобрена од Бирото за јавни набавки по налог на Владата. За да биде лицемерието поголемо токму постапката околу тендерот се спореше од власта минатата недела и ЈСП остана без нафта а граѓаните без превоз. И тогаш и сега стануваше збор за ист оператор. Очигледно е дека политички игри на ВМРО-ДПМНЕ и кавгите на релација Мицкоски-Арсвоска се главна причина зошто граѓаните на Скопје немаат превоз, немаат град. Скопјани се жртви на неспособноста и меѓусебни кавги меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска. СДСМ бара веднаш да прекинат овие пресметки и блокади, власта да ја преземе својата одговорност и да помогне на граѓаните на Скопје наместо да им одмага – изјави Јанчева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски