ВИДЕО: Рита Ора за време на настап се завитка во српско знаме, по бурните напади се правдаше: Мислев дека е унгарско

Од:

Пејачката со албанско потекло родена во Косово, Рита Ора, која бараше од компанијата „Епл“ да го вметне Косово на мапата како независна држава, повторно ги шокираше сите кога се завитка со српско знаме за време на настапот на фестивалот СЗИН во Унгарија.

Рита го доби знамето за време на настапот, а пејачката потоа се завитка во него, го вееше и продолжи да пее. Таа беше прогласена за почесен амбасадор на Косово во 2015 година. Под видеото на кое е со спрпско знаме имаше многу коментари, многумина прашуваа „што е ова?“, други веќе се шегуваа на сметка на пејачката и нејзиното име, а во описот на спотот пишува – Ристана Ориќ.

По многуте негативни коментари од албанските обожаватели, се огласи Рита Ора во врска со видеото на кое се гледа завиткана со српското знаме.

Додека Албанците во коментарите на социјалните мрежи и велат дека е „предавник“ и дека „треба да и се забрани влез во Косово“, Рита тврди дека не знаела дека и го дале српското знаме.

Како што тврди таа, видела дека тоа е знамето на Србија дури кога се симнала од сцената и дека е горда Албанка и дека никогаш нема да покаже непочитување кон својот народ.

„За време на настапот на фестивалот СЗИН во Унгарија, еден обожавател ми подаде знаме. Поради силната светлина што одеше директно во моите очи, не можев јасно да видам чие знаме држам. Кога се симнав од сцената, видов дека тоа е српско знаме, а не унгарско знаме“, изјави Рита за локалните медиуми и додаде:

„Иако ги ценам сите мои обожаватели од сите земји и култури, сакам да кажам дека сум горда Албанка од Косово и никогаш не ми беше намерата да не го почитувам моето наследство или да го вознемирувам мојот народ или семејство.

Би можело да ве интересира

Фановите ја „нападнаа“ Рита Ора

ВИДЕО: Уште една снимка од Рита Ора, нејзината мајка јавно и се извини

Рита Ора на поштенска марка во Косово

Рита Ора казнета во Лондон, организирала журка со 30 луѓе среде карантин

Жарко Настоски

Македонски хакери ги срушија сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора

Искра Манојлоска

Рита Ора по стапките на Дуа Липа: Ставете го Косово на мапата

Искра Манојлоска