Џенифер Анистон откри што можело да ја уништи серијата „Пријатели“

Од:

Џенифер Анистон неодамна откри што можело скапо да ја чини култната серија „Пријатели“, па дури и да ја уништи.

Таа тврди дека разликите во платите можеле да ја уништат актерската екипа на „Пријатели“, бидејќи во првата сезона таа и Дејвид Швимер биле платени повеќе од останатите актери.

Имено, Анистон и Швимер поради тоа се чувствувале лошо и се избориле сите шест главни актери да бидат исто платени.

„Да не се случеше тоа, ќе не уништеше. Поентата е дека сите работевме еднаква работа и сите заслужуваме да бидеме подеднакво платени за тоа. Не би се чувствувала добро да одам на работа знаејќи дека некој добива помалку плата отколку мене“, рече таа.

Џенифер изјави за Вол Стрит Журнал дека потоа ги намалиле хонорарите на неа и на Швимер за сите да бидат еднакви.

До деветтата и десеттата сезона, сите шест главни ѕвезди заработија 40 милиони долари. Шестмината наводно заработувале 1 милион долари по епизода во мај 2004 година, кога се емитуваше финалето.

Би можело да ве интересира

Кортни Кокс тврди дека Метју Пери ја „посетува“ дури и по смртта: Чувствувам дека е тука

Предраг Петровиќ

Почина Гантер од серијата „Пријатели“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Гантер од „Пријатели“ има рак во напредна фаза

Ана Ололовска

Анистон откри дека била „крадливката“ меѓу „Пријателите“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Рос: Продолжението на „Пријатели“ би се снимало во карантин

Ана Ололовска

Американците во текот на карантинот најмногу гледале „Пријатели“

Ландов