„Пријатели“ повторно заедно по 15 години

Од:

Актерите од популарната серија „Пријатели“ повторно ќе се соберат по 15 години за да снимаат специјална епизода.

Епизодата во која повторно ќе глумат Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Ле Бланк, Метју Пери и Дејвид Швимер, ќе се емитува на стриминг сервисот НВО Макс, кој ќе почне во мај.

За учество во специјалната епизода секој актер, како што се очекува, ќе добие по 2,5 милиони долари.

– Се случува, напиша Пери на Инстаграм заедно со фотографија од актерската постава во 90-те години, а потоа објавата ја споделиле и останатите актери.

Серијата „Пријатели“ се емитуваше од 1994 до 2004 година. Последната епизода ја гледале 52,5 милиони гледачи во САД и таа била најгледаната телевизиска епизода во првата деценија од 21. век.

Би можело да ве интересира

Џенифер Анистон откри што можело да ја уништи серијата „Пријатели“

Предраг Петровиќ

Почина Гантер од серијата „Пријатели“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Гантер од „Пријатели“ има рак во напредна фаза

Ана Ололовска

Анистон откри дека била „крадливката“ меѓу „Пријателите“

Ана Ололовска

„Пријатели“ се враќаат на 27 мај

(ВИДЕО) Рос: Продолжението на „Пријатели“ би се снимало во карантин

Ана Ололовска