Со головите на Робин ван Перси од пенал во 45+1.минута и на Вејн Руни во 81.минута, англискиот фудбалски шампион Манчестер Јунајтед денеска на отворањето на 4.коло од Премиер лигата на свој терен го совлада Кристал Палас со 2:0.
Гостите од 44.минута играа со играч помалку поради исклучувањето на Кагишо Дикгасои.
Попладнево играат: Астон Вила – Њукасл, Фулам – Вест Бромвич Албион, Хал – Кардиф, Стоук – Манчестер Сити, Сандерленд – Арсенал, Тотенхем – Норвич и Евертон – Челзи.
Утре се игра дуелот Саутемптон – Вест Хем, а колото ќе биде комплетирано в понеделник со дуелот Свонси – Ливерпул.
Табела: Ливерпул 9 бодови, Манчестер Јунајтед 7 (натпревар повеќе), Челзи 7, Манчестер Сити 6, Арсенал 6, Стоук 6, Тотенхем 6,.