Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес е суспендиран од сите активности поврзани со фудбалот.
Рубиалес беше критикуван за неговите постапки откако женската фудбалска репрезентација на Шпанија го освои Светското првенство. Предводникот на шпанскиот фудбал ја бакна во уста играчката Џенифер Хермосо и крена голема прашина.
Јавноста го осуди тој потег, но Рубиалес и покрај сите притисоци не сакаше да се повлече од функцијата претседател на Шпанскиот фудбалски сојуз. Сепак, стигна првата реакција од фудбалскиот свет.
BREAKING: FIFA Disciplinary chairman Jorge Ivan Palacio has provisionally suspended Spanish football chief Luis Rubiales from all football-related activities for 90 days. pic.twitter.com/5MG56dsvxt
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 26, 2023
„Не му дадов согласност на претседателот Луис Рубиалес да ме бакне“, изјави Хермосо и на тој начин ја реши секоја мистерија, ако воопшто има некоја мистерија.
Сега ФИФА се вклучи во случајот и го суспендираше Рубиалес. Дисциплинскиот претседател на ФИФА Хорхе Иван Паласио привремено го суспендираше првиот човек на шпанскиот фудбал од сите фудбалски активности на три месеци.
Тоа вклучува извршување на сите активности поврзани со националниот и меѓународниот фудбал, така што Шпанија сигурно ќе има нов претседател на Фудбалската асоцијација.
До каде отиде се најдобро говори податокот дека дури 81 фудбалерки од Шпанија потврдија дека никогаш повеќе нема да играат за репрезентацијата, додека на таа позиција е актуелниот претседател. Без разлика на неговата одлука да остане, Рубиалес сега ќе биде принуден да ја отстапи функцијата на некој друг.