Во Љубљана денеска, 44 години по покренување на иницијативата, свечено е положен камен темелник за изградба на Исламски културен центар, јави Танјуг.
Камен темелникот го положи бошњачкиот член на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ во присуство на премиерката на Словенија Аленка Братушек, поранешниот претседател на Словенија Данило Тирк и градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ.
Сараевските медиуми вчера пренесоа дека иницијативата за изградба на Исламскиот културен центар во главниот град на Словенија е покрената речиси пред половина век, реализирана е дури откако на функција дошол градоначалникот Јанковиќ.