ВМРО-ДПМНЕ: Ризикот за плаќање на милионски отштети кон странски фирми во арбитражни постапки е заради неспособноста и криминогеноста на СДС

Од:

Ризикот за плаќање на милионски отштети кон странски фирми во арбитражни постапки е заради неспособноста и криминогеноста на СДС.

Како прв таков пример ќе го земеме проектот со Клиничкиот центар во Скопје, проект за кој беа обезбедени средства и направена проектна документација, со што Скопје ќе имаше сега модерен голем Клинички центар за само 120 милиони евра. Власта го раскина договорот, за 6 години да прави егзибиции со наводни Клинички од половина милијарда, проекти кои беа наменети за грабеж на народот. И резултатот е раскинат договор за Клинички од 120 милиони евра, Скопје нема модерен клинички центар, а Македонија ќе плаќа пенали за криминогеноста на СДС и ДУИ, кои сакаа да крадат на проектот за Клинички кој го напумпаа половина милијарда.

Во однос на таканаречениот проект „Шпански скали“, исто така власта е таа која ја спречува изградбата, институциите со кои раководи СДС се тие кои оневозможуваат да се реализира проектот.

СДС со години не прави ништо, напротив ја носи во голема загуба Македонија.

Внимавајте ова е влада која Македонија ја задолжи за нови 3.6 милијарди евра, нема направено ниту еден проект, тие што ги наследи или уште не може да ги заврши, или ги запре во целост, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски