(ВИДЕО) Муцунски: Аеродромци ги добиваат најдобрите игралишта во Македонија, започнуваме нова инвестиција на површина од 1600 метри квадратни

Од:

Општина Аеродром во следните денови започнува со реализација на инвестиција во нови спортски и детски игралишта со вкупна површина од 1600 метри квадратни на локацијата позната како „Патрик“ во непосредна близина на „Три Бисери“. Станува збор за проект кој се реализира со поддршка од општествено одговорна компанија и каде општината учествува со свои средства информираат од Општината.

„Продолжуваме да инвестираме во спортската инфраструктура. На локацијата познат како „Патрик“ и во непосредна близина на „Три Бисери“, Аеродром ќе добие целосно ново мултифункционално игралиште за фудбал и ракомет на површина од 800 метри квадратни метри, кошаркарско игралиште на површина од 400 метри квадратни и инклузивно детско катче на површина од 400 метри квадратни“, истакна градоначалникот Муцунски во видеото објавено на неговата фејсбук страна.

Со новите детски и спортски игралишта и завршувањето на овој проект аеродромци ги добиваат најдобрите и најмодерни спортски терени, а Аеродром станува општина која ги поддржува спортските таленти во остварување на нови успеси се вели во информацијата од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Муцунски и Мицкоски да се огласат по предлогот на Мерц, бара Левица

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Нема индивидуални исклучоци, разговараме за полесен влез во ЕУ

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Муцунски за „Евроњуз“: Не сме проевропска држава само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме

Муцунски: Нема услови за уставни измени, Владата не е подготвена да преземе било каков чекор

Муцунски за нападот врз Трамп: Насилството нема место во демократските општества

Катерина Ѓуровски