Притвор за петмина од напаѓачите на полицаецот во Струмица

Од:

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица осомничени за напад на полицаец.

Сите осомничени заедно, на 18 август, нападнале службено лице – криминалистички техничар во МВР-СВР Струмица кој излегол на лице место во селото Баница за да фотодокументира пронајдени кошови со пчели – предмет на пријавено кривично дело „Кражба“. Осомничените со дрвени стапови, метални шипки и други предмети најпрвин започнале да удираат врз полициското возило. Во еден момент, додека службеното лице се обидувало да се легитимира, еден од осомничените ја отворил возачката врата, насилно му ја одзел легитимацијата и мобилниот телефон, а потоа почнал да го удира со тупаници по главата и по телото. Потоа го извлекле криминалистичкиот техничар од возилото, го турнале на земјата и продолжиле да го удираат со тупаници и со разни предмети. Во тоа се придружило и едно малолетно лице против кое се води посебна постапка. Од ударите оштетениот се здобил со повеќе тешки телесни повреди.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица донесе решение за кое на петмина од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Се расправале за поправка на автомобил, механичарот пукал во муштеријата

Катерина Ѓуровски

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

Турчин пронајден мртов во хотел во Охрид

Финасиска полиција ќе ја испитува набавката на горива за ЈСП

Катерина Ѓуровски

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

15-годишник избодел двајца тинејџери, се бара пртивор