Мицкоски на средба со Дрекслер: Владата нема поддршка за уставни измени ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од граѓаните

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот и пратеник Александар Николоски остварија средба со германската амбасадорка во Северна Македонија Петра Дрекслер.

Како што информираат од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба и евроинтегративниот процес на земјата.

-Претседателот Мицкоски ја информираше амбасадорката Дрекслер за актуелните политички состојби во државата и дека власта свесно го крши Деловникот за работа на Собранието со тоа што не ги става уставните измени на гласање, бидејќи нема двотретинско мнозинство, а тоа се потврди како што рече тој и на собраниската седница, кога по завршување наместо да се стави точката на гласање, истата се прекина, се наведува во соопштението.

Мицкоски уште еднаш го повторил ставот на партијата дека нема да поддржат уставни измени и посочил дека билатералните прашања не смеат да се услов за почеток на преговорите со ЕУ.

Мицкоски псочил дека во услови кога власта е делегитимирана и нема ниту поддршка од граѓаните, потребно е одржување на предвремени парламентарни избори.

Воедно, Мицкоски изразил голема благодарност за соработката и поддршката од страна на Сојузна Република Германија кон Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник