(ВИДЕО) Нова снимка од Грција: Наводно се гледа моментот кога навивач на АЕК е избоден со нож

Од:

Грчките портали вчера објавија дека грчката полиција детално ги прегледува снимките од крвавата пресметка на Бад Блу Бојс со навивачите на АЕК. Порталот Њузит наведува дека во продолжение на истрагата заедно со навивачите на Бад Блу Бојс и Панатинаикос ќе бидат сослушани и навивачите на АЕК кои учествувале во конфликтот.

„Њузит“ наведува дека истрагата напредува, а полицијата многу внимателно ја анализира снимката на која, според полициските службеници, се гледа моментот кога Михалис Кацурис го доби смртоносниот убод во рака. На видео снимката се гледаат првите минути од нападот пред стадионот ноќта на 7 август, а се гледаат луѓе кои активно учествувале во судирите.

На видеото не се гледа јасно што всушност се случило, но според извор близок до навивачите, изгледа дека може да го покаже моментот кога грчкиот навивач бил избоден со нож.

Во моментот на кој наводно се гледа прободувањето, Михалис Кацурис (во сина кошула) и уште еден маж во бордо кошула трчаат еден до друг. Михалис во еден момент ја замавнува левата рака наназад, а друг маж со левата рака во која држи непознат предмет во правец на убиениот Михалис.

Би можело да ве интересира

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Крвав инцидент во Волково: Потстанар го убил газадата, па се самоубил

Катерина Ѓуровски

Јагленосани тело на полицаец пронајдено покрај изгорено возило

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Манев: Палевски ја одлепи траката од устата на Вања, ја сликаше со вперен пиштол, а откако ја уби во ранче го спакува пиштолот

Предраг Петровиќ

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“