Кузеска: Мицкоски е против членството во ЕУ, исто како Груевски

Од:

Сега веќе е кристално јасно дека Христијан Мицкоски и ДПМНЕ се против членството во ЕУ.

Во ДПМНЕ нема никаква промена, Мицкоски е ист како неговиот ментор, Никола Груевски.

Цели 11 години Груевски и ДПМНЕ ја држеа земјата во изолација, далеку од ЕУ и НАТО. Само за да го пљачкаат народот.

Мицкоски ја продолжи таа анти НАТО и анти ЕУ политика.

Беше против членството на НАТО и цело време работи против членството во ЕУ.

Без ниту една забелешка за предложната содржина на уставните измени ДПМНЕ се обидува да ја блокира европската иднина на земјата.

ДПМНЕ и Мицкоски дејствувааат против подобар живот за граѓаните, против нови и поголеми европски фондови, против забрзан напредок и европски стандарди.

Мицкоски сака земјава да биде повторно да ја држи во 11 годишна изолација.

Прво беше асимилација и бугаризација, откако тие лаги пукнаа како меур од сапуница, се измисли нова лага, бугарски диктат.

Ниту има бугарски диктат, ниту пак е можно да се репреговара за нов договор. Видовме како Груевски и ДПМНЕ во минатото репгеровараат и како земјата тонеше 11 години.

Обидот за блокада на европската иднина е опасна, антидржавна и антимакедонска постапка на ДПМНЕ и Мицкоски.

Македонскиот народ кој е проверопски оринтиран и сите граѓани кои се членство во ЕУ ова нема да го простат.

Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на штетното, неодговорно и недржавничко однесување на ДПМНЕ.

80% од македонските граѓаните се за членство во ЕУ, сакаат да живеат во европска држава, членка на НАТО и ЕУ.

Нема да дозволиме иднината на државата да е блокирана од страна на Мицкоски и ДПМНЕ. СДСМ, заедно со граѓаните ќе направиме сѐ да ја разбиеме таа блокада и ќе успееме во тоа, рече на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Би можело да ве интересира

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

ВИДЕО: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени, порача Мицкоски од Вашингтон

Катерина Ѓуровски

Имаме достоинствено решение на маса, а тоа се уставни измени се одложено дејство, истакна Мицкоски

Муцунски: Одбележуваме неславен јубулеј, 20 години од кандидатскиот статус и серија направени отстапки

Катерина Ѓуровски

Касами: Владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината