СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Од:

Деновиве слушаме: трета економија сме во Европа, први во туризмот, најдобри во авио-сообраќајот, најбрзо растечки плати и пензии. Фактите се поинакви. Потрошувачката кошница изнесува 70.000 денари. Минималната плата е 26.000 денари. Просечната плата е околу 49.000 денари. На млад човек што нема стан му требаат околу 90.000 денари само за основни трошоци за живот. И сега народот „не разбира“. Мицкоски ќе ни нацрта на табла – па ќе ни стане јасно. Може да црта колку сака. Нема подобра статистика од паричникот и фрижидерот, велат од СДСМ.

– А таму е едноставно, празно. Човек што носи на рака часовник од 65.000 евра не може да разбере како живее народот. Не може, кога се вози со државен авион. Колената не го болат од работа – туку од клечење и молење за власт. Повеќе не поминува Гебелсовата пропаганда на Латас. Повеќе не поминува ниту „патриотизмот“ врзан за тендери и бугарски државјанства. Нема да помине ниту техниката на Ванчо Михајлов со наративот „талог“.

Народот не е талог. Овде се знае кој е талог. Народот ќе победи. Македонија ќе ја победи оваа организирана криминална група наречена ВМРО и нејзиниот шеф Мицкоски. Ќе ги победи трујачите на Македонија. Ќе го победи и целиот странски интерес и агенда по која работат. Ќе победи и ќе ја врати власта во свои раце, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“