Поранешната финска премиерка се ослободи од строгите протоколи, се фотографира на фестивали и забави

Од:

Поранешната премиерка на Финска Сана Марин одлучи да ги отфрли оделата и свечената облека што се карактеристични за политичарите и скокна во послободна облека. На Инстаграм таа објави неколку фотографии од музичкиот фестивал Flow кој се одржа во Хелсинки од 11 до 14 август.

Сана, неколку месеци по разводот, позираше во неколку изданија – црн полупроѕирен фустан, розов тесен фустан и кожено мини здолниште и топ. Изгледа дека таа се посвети на приватниот живот и забавите по поразот на парламентарните избори во Финска.

Претходно Сана беше критикувана поради видеата од забавите на кои често одела додека била премиерка. На едно од видеата се гледа како Марин танцува во четири часот наутро во клуб во Хелсинки, а имаше тврдења дека таа и нејзината придружба користеле дрога. Сана потоа беше тестирана за дрога и имаше негативен резултат.

“А јас сум само човек. Ја работам својата работа. Научив од ова… Се надевам дека луѓето внимаваат на работата што ја работиме, а не на она што го правиме во слободното време”, коментираше таа еднаш.

Поранешната финска премиерка пред повеќе од два месеци објави дека се разведува од сопругот Маркус Раиконен со кој беше во брак три години и во врска вкупно 19 години. „Благодарни сме за 19 години заедно и нашата сакана ќерка. Ќе останеме најдобри пријатели“, објави Сана на својот Инстаграм профил.

Би можело да ве интересира

Фински неонацисти сакале да ја убијат поранешната премиерка, направиле оружје со 3Д принтер

Ревизорски извештај: Финската премиерка не ги занемарила своите должности на забавите

А1он

За Финска најважно е Унгарија и Турција да го одобрат нејзиниот влез во НАТО: Сите очи сега се насочени кон нив

А1он

Марин: Бевме наивни, мора што побрзо да се ослободиме од руските фосилни горива

А1он

(ВИДЕО) Пријателки на финската премиерка во акција: Ги соблекоа костимите за капење и ги покажаа голите гради

Горан Наумовски

Основачот на Егзит ја покани финската премиерка на фестивалот Sea Dance

Горан Наумовски