(ВИДЕО) Грците објавија нови снимки од последните моменти на убиениот навивач на АЕК

Од:

Грчкиот портал Прототема објави видеa од последните моменти на убиениот навивач на АЕК, Михалис Кацури. Тие пишуваат дека полицијата има неколку видеа кои ги анализира, а преку кои се обидува да разбере кој и како го убил 29-годишниот Грк.

На првото видео објавено од Protothema се гледа како Михалис пристигнува во киоскот. На видеото се гледа дека дел од телото му е целосно облеан во крв, односно дека е повреден и крвари.

Михалис седнува зад ладилникот за сладолед додека сопствениците на дуќанот стојат и го гледаат. Според полицијата, пишува грчкиот портал, Михалис дошол таму да се сокрие. Тогаш жената му дава хартиена крпа низ прозорецот на киоскот за да се избрише или да го запре крварењето.

Еден човек му приоѓа и само го гледа. Притоа пристигнува трето лице кое, се чини од видеото, се обидува да му даде вода и во исто време да извести некого за повредениот навивач. Грчкиот портал пишува дека во следните неколку минути Михалис искрвари и почина.

Сите 105 уапсени по жестокиот уличен конфликт меѓу навивачките групи пред стадионот на АЕК во Атина, во кој беше убиен 29-годишниот Михалис Кацурис, се во притвор, јавуваат грчките медиуми. Уапсените се распоредени во 16 различни затвори низ Грција.

Би можело да ве интересира

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Крвав инцидент во Волково: Потстанар го убил газадата, па се самоубил

Катерина Ѓуровски

Јагленосани тело на полицаец пронајдено покрај изгорено возило

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Манев: Палевски ја одлепи траката од устата на Вања, ја сликаше со вперен пиштол, а откако ја уби во ранче го спакува пиштолот

Предраг Петровиќ

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“