Ковачевски нема 80 пратеници: „Уставните измени се императив за секој граѓанин во земјата“

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски и понатаму не кажува дали СДСМ и ДУИ обезбедиле 80 пратеници кои ќе гласаат за потребата од отворање на Уставот со цел да се внесат Бугарите во конститутивниот акт, што е услов за отворање на преговорите со ЕУ.

– 80 пратеници се потребни за глас за европска Македонија, а на Владата и требаат 61 пратеник полноправно да одлучува да работи се до избор на нова. Двотретинското мнозинство за овие уставни измени е императив за секој граѓанин во земјата. Гледате дека клучни теми се социјална заштита, владеење на демократија, животен стандард, а во овие области ЕУ е најдобра. Кога почна процесот имаше коментари кои повеќе беа во насока на хистерија, дека ќе имаме загубен јазик, идентитет. Ништо од тоа не се случи. Кога се виде тоа дека нема основа, беше побарано да се дадат гаранции за идентитетот. Германија донесе резолуција за нашиот идентитет, а и во САД има предлог резолуција за славење на македонскиот јазик. Да не заборавиме дека до јули лани никој не претпостави дека ќе имаме договор потпишан со ЕУ на македонски јазик – рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека уставните амандмани досега не добиле забелешка и затоа му е несфатливо кои се аргументите на ВМРО-ДПМНЕ кое вчера повторно потврди дека нема да гласа за уставните измени.

– Ќе се отвори дискусија за амандманите кои досега не добија ниту една забелешка. Затоа сметам дека десетдневната дебата во собрание е уште една можност граѓаните да се уверат дека се работи за процес кој е остварување на втората стратешка цел на Македонија – додаде тој.

Би можело да ве интересира

Рокас повтори дека мора да се направат уставните измени за прогрес кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Продолжувањето на пристапниот процес за Северна Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза порача Писонеро

Гаши: За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја

Катерина Ѓуровски

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Неодбивањето на Фон дер Лајен на нашиот предлот значи дека има простор за потенцијално решение за уставните измени толкува Муртезани