Седуммина повредени во најголемиот забавен парк во Германија

Од:

Седум лица се повредени, главно полесно, во најголемиот забавен парк во Германија, Европа парк во Руст, во близина на француската граница, соопшти германската полиција.

„Очевидци забележале инцидент во базенот со вода каде што се одржувала претставата. Повредени се пет изведувачи и двајца посетители“, се наведува во соопштението.

Тројца од повредените се на преглед во болница.

Во тек е истрага за утврдување на околностите на несреќата.

На 19 јуни во овој забавен парк избувна пожар, најверојатно поради „технички дефект“.

Паркот Европа, на половина пат помеѓу германскиот град Фрајбург и францускиот Стразбур, беше отворен во 1975 година.

Неговите сопственици велат дека речиси шест милиони луѓе го посетуваат секоја година, што го рангира меѓу најголемите во Европа.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД