Муцунски: Таблет уреди, парична помош и униформи за учениците, Аеродром е целосно подготвен за новата учебна година

Од:

Додека учениците и родителите живеат во неизвесност и кога има се помалку инвестиции во образованието и младите, Општина Аеродром е целосно подготвена за почетокот на новата учебна година. Ова, во видео обраќање на својот Фејсбук профил го истакна градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, посочувајќи ги инвестициите во образованието и образовната инфраструктура кои беа реализирани во текот на летниот период.

Изминатите неколку месеци, беше реконструирана внатрешноста на повеќе основни училишта на територијата на Аеродром, а неколку училишта добија нова фасада, современи игралишта за фудбал, ракомет и кошарка, училница на отворено и простори за релаксација и забава на учениците. Во основното училиште „Лазо Ангеловски“ како најголемо училиште во Македонија, беа поставени нови пристапни рампи, пристапен лифт и други инклузивни содржини, со што во училиштето беа обезбедени услови за целосно инклузивна настава.

Градоначалникот Муцунски потенцираше дека во моментов тече пријавувањето за парична помош за првачиња, со што секое новозапишано прваче во училиштата во Аеродром ќе добие 3500 денари. Исто така, новата учебна година учениците ќе ја започнат со нови училишни униформи, а децата од четврто одделение ќе ги добијат бесплатните таблет уреди за полесно совладување на наставата.

Би можело да ве интересира

Прва земја од регионот – потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

А1он

Жерновски демантира дека не ги предал акредитивите, најави дека ќе тужи за клевета

Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори

А1он

Бербок: Во ЕУ се одлучува едногласно, Македонија не може да напредува без уставните измени

Катерина Ѓуровски

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа