Кимбер Кифер е експерт за задржување на здивот и воодушевува со фотографиите на кои позира во длабочините на морето, пренесува ДПА.
Кимбер е 44-годишна манекенка и најголема муза на нејзиниот сопруг, фотографот Кен Кифер, кој неодамна ја фотографираше како позира на Бахамите и Мексико со ајкули.
„Секогаш ме воодушевуваат сите работи што Кимбер успева да ги направи за време на ваквите снимања“, рече нејзиниот сопруг.
Кен објасни дека решиле да снимаат за да покажат дека ајкулите не се толку опасни како што често се прикажуваат.
„Ајкулите во никој случај не се безопасни, но ние не сме нивниот главен извор на храна. Сè додека не се однесуваме како плен и не ги следиме безбедносните упатства, ајкулите не третираат како такви“, објасни тој.
Патем, Кен открил дека неговата сопруга може да го задржува здивот неколку минути во секој круг од снимањето, а потоа безбедносен нуркач и дава воздух.