Богоев заплени 300 филери за усни на преминот Деве Баир

Од:

На граничниот премин Деве Баир царинските службеници спречија обид за криумчарење на 300 парчиња филери REVOLAX, во вредност од 9.000 евра.

„Лицето, инаку косовски државјанин со иницијали А.Г., се обидело да влезе во државата без да ја пријави стоката. На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави истиот одговорил дека нема што да пријави освен личен багаж. При рутинската контрола извршена од страна на царинските службеници во патничкиот куфер и позади задните седишта беа откриени 300 парчиња филери за лице, во најголем дел за усни, чија вредност согласно фактурата која е пронајдена во возилото изнесува 9.000 евра“, соопштија од Царинската управа.

Стоката и возилото се привремено задржани, а против лицето е поднесена соодветна кривична пријава за криумчарење.

Би можело да ве интересира

Трет ден блокада на камионџиите на „Деве Баир“

ВИДЕО: На Дојран фатен Србин, возач на камион со 5.050 штеки цигари

Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Предраг Петровиќ

Мобилен царински тим спречи нелегална продажба на над 40.000 петарди и огномети

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти

А1он