(ВИДЕО) Стоилковски: Ако навистина има причина Фрчкоски да не ги врати парите, зошто МНР на два пати во рок од 6 месеци испраќа инструкции парите да бидат вратени во Буџетот?

Од:

Добро е што МНР и Пендаровски се одважија да одговорат на прашања вредни 4 милиони долари, лошо е што тоа го сторија некоординирано и после 10 дена, а и Димитар Ковачевски не одговори дали и што се му рекол Фрчкоски во септември. За Пендаровски парите се вратени во Буџет, според она што го објавија медиумите.
За МНР, парите не можеле да се вратат затоа што иако легнати на сметка на Мисијата во ОН, не била полната сума од 4 милиони долари, па се чекало тоа да се заврши, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Ај што Пендаровски не ни очекуваме да е целосно информиран, но ако МНР знаеле дека парите, од сосема нелогични причини, не можеле да се вратат во државниот Буџет, зошто тогаш ги барале од Фрчкоски, праша Стоилковски.

„Ако навистина имало причина Фрчкоски да не ги врати парите и за тоа знаеле, зошто МНР на два пати во рок од шест месеци му испраќал инструкции парите да бидат вратени во државниот Буџет? Ќе одам и степен понапред. Дали Филип Тосевски државниот секретар во МНР, не знаел дека Фрчкоски не може да ги врати парите, па му пратил инструкции? Тосевски инаку е прв човек на партиската комисија на СДС за надворешни работи. Дали Тосевски после декември во март не знаел, па потпишал инструкции до јуни Фрчкоски да ги врати парите? И зошто на овие инструкции за парите кај Фрчкоски, потпишан е Тосевски, од позиција државен секретар, кога вакви инструкции се потпишувани од Директорот на директоратот за организациони работи и тоа е еден стандард во МНР? Работата е многу подлабока отколку што ја прикажуваат, и уште повеќе водат кон сомнеж за можни зафати како во транзицискиот период на Македонија – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и четири милиони во банка?

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски