Рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Галузин денеска изјави дека НАТО работи на сценарио за употреба на нуклеарно оружје против Русија.
„НАТО практикува таканаречени заеднички нуклеарни мисии. Тоа значи дека земјите-членки кои немаат нуклеарно оружје се вклучени во военото планирање за употреба на нуклеарно оружје и нивните експерти се обучени како да ракуваат со американската нуклеарна муниција“, рече Галузин во интервју за агенцијата ТАСС.
Тој изјави дека се развиваат различни сценарија за употреба на нуклеарно оружје против Русија.