Лондонскиот клуб го доведе перспективниот Аргентинец

Од:

Англискиот клуб – Тотенхем го засили играчкиот кадар по доаѓањето на аргентинскиот играч – Алехо Велиз.

Велиз има само 19 години, игра на позицијата централен напаѓач, а дојде за сума од 15 милиони евра од тимот Росарио Централ. Тој ja парафираше соработката со раководството до летото 2029 година.

„Кога првпат дознав за се што се случува и дека клубот е заинтересиран за мене, да бидам искрен, не можев да верувам. Ова е прекрасен клуб и се надевам дека ќе го искористам максимумот на моите можности и ќе настапам најдобро што можам. Доаѓам овде со голема желба да бидам ефикасен. Јас сум целосно на одборот и 100 проценти фокусиран на задачата што ја имам овде. Навистина сум среќен и благодарен што моето семејство е тука со мене, тие се секогаш со мене, а јас целосно исполнувам еден сон, доаѓам овде во толку огромен клуб. Ќе дадам се од себе да ја искористам мојата шанса и се надевам дека овде се ќе ми оди максимално добро“, изјави Велиз.

Би можело да ве интересира

Тотенхем нема да го продаде Кејн на Баерн за 80 милиони евра

Сон и Кејн со по два гола за убедлива победа на Тотенхем

Двајца кандидати меѓу фаворитите за тренерското место во Тотенхем

Жарко Настоски

Мурињо: Сезоната за нас сега ќе биде уште потешка

Жарко Настоски

Сагата околу трансферот на Бејл е при крај, Тотенхем сака да го врати во старото јато

Жарко Настоски