Двајца кандидати меѓу фаворитите за тренерското место во Тотенхем

Од:

Англискиот фудбалски клуб Тотенхем Хотспур започна да бара нов тренер. По отказот на Жозе Мурињо, клубот не се одлучи за постојан шеф на стручниот штаб, но сега клубот има двајца кандидати, пишува „Дејли експрес“.

Станува збор за селекторот на белгиската репрезентација, Шпанецот Роберто Мартинез и за португалскиот тренер и предводник на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто.

Се пренесува дека „мамузите“ веќе стапиле во контакт со шпанскиот специјалист и може да потпишат договор со него по завршувањето на Евро 2020 кое ќе се игра претстојното лето.

Би можело да ве интересира

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ