Левица: Драчевчани оставени без медицинска помош

Од:

До Левица, од огорчени граѓани постојано пристигнуваат поплаки за тековната социјална катастрофа предизвикана од недостатокот на кадар во амбулантите во Поликлиниката во населбата Драчево, од постојаните дефекти на рендген апаратот и од условите во здравствениот дом во кој протекува вода од покривот на зградата.

Поликлиниката Драчево опслужува регион со околу 40 илјади граѓани. Дали Министерството за здравство наменски остава 40 илјади жители без итна медицинска помош?

Поликлиниката покрај тоа што нема кадар за итна интервенција, па ги праќаат за обичен преглед пациентите до Скопје, со години истата не пружа специјалистички и супспецијалистички услуги. Кога обичен преглед е луксуз за граѓаните на Драчево, што останува за посложените медицински интервенции, грижа и превенција од болести?

Сметаме дека здравствената нега и медицинските услуги треба да бидат највисок приоритет на секоја Влада. Недостатокот на кадар, неисправноста на медицинската опрема и протекувањето на вода се нешта што се недозволиви во било која здравствена установа. Овие проблеми заслужуваат итна реакција и решение од страна на надлежните органи.

Левица се обврзува да го стави здравството во јадрото на своите политички приоритети и да работи активно за подобрување на здравствените услуги во земјава. Години наназад здравствениот систем е во колапс со редовни протести и штрајкови преку кои се бара зголемување на инвестициите во здравството, подобрување на условите за работа на медицинскиот кадар и овозможување на квалитетни медицински услуги за сите граѓани. Левица е активен поддржувач и учесник во сите овие барања, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски