Словенија бара помош од Европската унија и од НАТО

Од:

Словенија се обрати до Европската унија и до НАТО за помош и од нив побара техничка помош за санирање на штетите по разорните поплави и лизгање на земјиштето во последните три дена, објави словенечката агенција СТА, повикувајќи се на владата.

Во саботата, премиерот Роберт Голоб ги опиша поплавите како најголема природна катастрофа во последните три децении и ја процени вкупната штета на повеќе од 500 милиони евра. Оштетени се патишта, пруги, мостови, канализациски системи и згради.

Преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ, Словенија побара 30 багери со различни капацитети и 30 специјални возила за регулација на протокот на вода, како и испраќање инженерски тимови за целата оваа опрема. На списокот испратен до ЕУ и НАТО имало 20 монтажни мостови до по 40 метри.

Земјата побара од НАТО и пет тешки воени хеликоптери со носивост од најмалку пет тони за транспорт, како и 200 војници за извршување на задачите за заштита, спасување и помош.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег