Мртов човек пронајден во септичка јама по невремето во Словенија

Од:

Полицијата во Љубљана добила дојава дека е пронајдено мртво лице во септичка јама во месноста Мост при Коменди, јавува словенечката новинска агенција, додека локалните медиуми јавуваат дека се работи за маж кој загинал додека ги отстранувал последиците од поплавите.

Како што објави порталот Камник, станува збор за маж кој наводно загинал додека ги отстранувал последиците од силните поплави. Според досега прибраните информации, мажот починал кога при изведување работи паднал во јама со отворена шахта, а смртта не е последица на кривично дело. Полицијата продолжува со истрагата и сите околности ќе ги пријави до надлежното државно правобранителство.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски