Руски танкер нападнат со беспилотни летала, повредени се членови на екипажот

Од:

Украински беспилотни летала погодија руски танкер во Керченскиот теснец, со што накратко беше запрен сообраќајот на стратешкиот мост што го поврзува Крим со Русија. Бродот е оштетен и два влекачи пристигнаa на местото на настанот, објави агенцијата Тасс, додавајќи дека од бродот на кој имало 11 луѓе не истекла нафта.

Како што пишува „Москва тајмс“, станува збор за хемиски танкер СИГ, кој бил под санкции бидејќи ги снабдувал со гориво руските сили кои за време на војната во Сирија му дошле на помош на режимот на Башар ал Асад.

Сообраќајот на мостот што го поврзува полуостровот Крим со Русија беше во прекин три часа пред да биде обновен рано утринава. Мостот Керч е единствениот мост што го поврзува полуостровот со Русија и се користи за транспорт на опрема на руската армија на украинскиот фронт.

Владимир Рогов, руски функционер во јужниот украински регион Запорожје, потврди дека неколкумина од екипажот на бродот се повредени од скршено стакло.

– Детонацијата поради експлозијата на бродот била видлива од полуостровот, затоа локалните жители мислеле дека експлозијата била во близина на населбата Јаковенково, недалеку од мостот на Крим – напиша Рогов на Телеграма.

Последниот напад во Црното Море се случи пред еден ден откако Украина објави дека изврши напад со поморски дрон врз руски воен брод во базата Новоросијск во јужна Русија. Бројот на напади во Црното Море од двете страни е зголемен откако Москва се повлече од договорот минатиот месец со кој се дозволуваше украинско жито да се извезува преку Црното Море.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски